Над 60 проценти од населението во Македонија ќе излезе да гласа на претстојните локални избори што треба да се одржат во март, покажува истражувањето на Центарот за истражување и анализа спроведено од 18 до 22 февруари.

Од вкупниот број испитаници, 56,63 проценти не го поддржуваат бојкотот на опозицијата на локалните избори, а 24,22 отсто се за бојкот. Со „не знам“ одговориле 19,15 проценти.
Истражувањето е спроведено на ниво на државата на репрезентативен примерок од 2.127 испитаници, по метод на теренско анкетирање. Реализирано е во временските интервали од 10 до 14 часот и од 18 до 20 часот со цел да бидат опфатени сите социјални групи на граѓани.