По изјавата на потпретседателот на СДСМ Зоран Заев дека нудат предлог за решавање на политичката криза, од ВМРО ДПМНЕ велат дека одложување на локалните избори не е можно, сите други аспекти ќе бидат разгледани.

1.Не постои можност за било каков политички договор за предвремени парламентарни избори, ниту постои можност за прифаќање на било какви уцени од страна на СДСМ.
2.Не постои можност за одложување на датумот 24 март 2013 година, кога е предвидено одржување на редовните локални избори.
Ова се вели во реакцијата на владејачката партија упатена до јавноста по изјавата на Заев.