Како иден градоначалник на општината Кисела Вода имам една главна стратешка цел- перспективна и сигурна иднина за сите нас, изјави Билјана Беличанец- Алксиќ, промовирајќи ја својата четиригодишна програма.
Со сигурност ве уверувам дека храбро ќе се соочам со новиот предизвик , со секојдневно решавање на реалните проблеми со кои ние, граѓаните живееме во ппштина Кисела Вода. Со заеднички сили да продолжиме да го одиме патот по кој општина Кисела Вода, заедно со ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери тргна да стане поубаво и поудобно место за живеење.
Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Беличанец- Алексиќ, потсети само на дел од веќе успешно реализираните проекти во изминатите четири години благодарение на градоначалникот Маријан Ѓорчев.-Завршена е изградбата на фекална канализација во должина од 5 километри во населба Драчево, беа пуштени во употреба парковите Пушкин, Шопен и Македонија, беа реконструирани повеќе улици низ општината, но да не заборавиме дека исто така дел од веќе започнатите проекти ќе бидат финализирани токму во наредниот период, задржувајќи го континуитетот на работа на општина Кисела Вода.
Општина Кисела Вода, ќе ги направи сите потребни чекори, да овозможи услови и можности за брз и модерен начин на развивање на стопанството, со цел да биде современа економска општина, рече Беличанец и додаде дека во таа насока предвидено е развој на постојните и создавање нови економски капацитети преку поддршка при формирање на мали и средни претпријатија, создавање работни места преку привлекување странски и домашни инвестици, одобрување на постојната и изградба на нова инфраструктура, соработка со бизнис-заедницата и граѓанските здруженија и нивно вклучување во процесите на локалниот економски развој, реализација на проекти со кои ќе се промовира одржливиот економски развој на општината.
-За подобрување на бизнис-климата ќе се реализираат следните проекти: изградба на ифраструктура за развој на стопанството, проект за поддршка на малите и средни бизниси, како и проект за поддршка при вработување на млади образовани лица и креирање Берза на труд за млади.
Во соработка со Владата, општината ќе реализира повеќе проекти за развој на индустриска зона на булеварот „Борис Трајковски“, гасификација на Кисела Вода преку вклучување во главниот гасовод „Јужен поток“, како и реализација на проекти за енергетска ефикасност.
-Ќе се залагаме за образование достапно за сите и под еднакви услови бидејќи знаеме дека вложувањата во образованието се вложувања во иднината на нашите деца и нивно формирање како здрави личности, кои ќе бидат подготвени за современите предизвици на животот, рече Беличанец.
Во таа насока, во програмата се вклучени изградба на нов училишен објект на ОУ „Невена Ѓеорѓиева-Дуња“, изградба на нов објект на ОУ „Рајко Жинзифов“, спроведување на проект „Реконструкција на основни и на средни училишта“, проект за енергетска ефикасност во основите училишта и во детските градинки, а со поддршка од централната власт, општината ќе продолжи со обезбедување бесплатен интернет во сите основни и средни улилишта и во студентските домови.
-Општината Кисела Вода континуирано ќе работи на осовременување, реконструкција и одржување на постојните паркови и зелени површини, како и на подигање нови паркови и јавни зелени површини. Културата е белег на нашето постоење и тој е еден од важните сегменти на општината. Нашите најважни проекти се реконструкција на Културниот дом во селото Драчево, изградба на паркот на бранителите од 2001 година, поставување на спомен-одбележја на Никола Бадев и Пеце Атанасовски, како и зградба на нов кулутрен центар во Кисела Вода, додаде Беличанец- Алексиќ.
Отворање на нови градинки, изградбата на повеќенаменски игралишта и тениски терени во училиштата, реконструкција на спортскиот центар Расадник, изградба на репрезентативен објект кај сегашната руинира фабрика за сапун „Цветан Димов“, заокружување на процесот на легализација на бесправно изградени објекти, изградба на проектна документација за развој на рекреативен центар кај „Три Круши“, поддршка на иницијативата на граѓаните за изградба на црква Св. Недела во населбата Расадник, проширување и реконструкција на „Павел Шатев“ (поранешна „Бихаќка“) и вложувања во инфраструктурата на општината, се само дел од проектите содржани во Програмата на Беличанец и нејзиниот тим.
-Како што секоја жена- мајка има вроден инстинкт за чедата свои, така и јас лавовски ќе се борам заедно со мојот тим, да го истераме докрај патот по кој тргнавме за поубаво утре. На 24 март искористето го правото на глас, само на таков начин и вие ќе учествувате во креирањето на вашата граѓанска заедница. И ако јас ви се вложив вам, тогаш од вас ја очекувам вашата поддршка, рече Беличанец пред своите сограѓани.