20 март 2013 г.

Груевски: СДСМ наместо на проекти, работи на алиби за непризнавање на пораз

Гледам дека веќе неколку дена СДСМ кренаа раце од тоа какви проекти ќе направат. Направија колку да се каже дека имаат програма, ја поделија, некаде напишале што ќе им дојде на памет, се обидоа на таков начин, ама истражувањата на јавното мислење не покажа дека тоа им помага, туку дека ќе изгубат. Во последните денови се фокусирани на време да најдат алиби за нивниот иден пораз, за да прогласат дека изборите не биле регуларни и легитимни, и се повеќе и повеќе зборуваат на таа тема и измислуваат повеќе причини, само Бранко Цренковски во недела вечер да не признае пораз.
gruevski-kumanovo
Вака премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва говореше пред масовниот број граѓани на митингот кој коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ го одржа во Куманово.
Грувески истакна дека СДСМ смислува разни сценарија, но дека истите повеќене поминуваат кај граѓаните.
- Почнаа со кршење на прозорците на нивните штабови. Утредента излегуваат со приказна дека во Крива Паланка жена и маж отишле во 3 часот наутро во социјалното и пишувале некакви решенија. Па кога видоа дека тоа не им помина, смислија нешто ново. Нашле некои луѓе во нивната партија кои кога ги заменувале личните карти не ги вратиле старите и ги повикале да кажат дека се со две лични карти. Денеска смислија нови приказни со државјаните на Македонија од Пустец, каде ќе глсале, како ќе гласале, на кои адреси биле. Утре ќе смислат нешто ново, со цел во недела Бранко да се спаси. Ова е операција за спас на Бранко, како да се спаси Бранко за да излезе да каже во недела не сум јас крив за поразот, режим има, тиранија има, посочи Груевски.
Тој праша како Црвенковски мисли дека Европската комисија четири години по ред може да дава два позитивни извештаи и препораки за започнување на преговорите за членство, а кај нив клучен да е политичкиот извештај, а во исто време, откако Македонија добила 4 извештаи по ред, Бранко да продава приказна дека нема демократија.

19 март 2013 г.

Груевски: Беличанец-Алексиќ е неуморен работник

Вака го окарактеризира кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кисела Вода, претседателот на владејачката партија и претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.
gr-500
- Билјана Беличанец  Алексиќ е личност која што добро ја познавате. Како актер во драмскиот театар ја познаваат не само во Кисела Водаи не само во Скопје, туку насекаде низ Македонија. Но освен како одличен професионалец, за што несомнено ќе се изјаснат не само граѓаните, туку и нејзините колеги во Драмнскиот театар , за неа е добро познато дека се работи за многу сериозна и стабилна личност. За личност која што е полна со енергија. За личност што ја краси особина да е  многу одговорна и многу работлива личност. Неуморен работник. Таков човек ќе добие Кисела Вода за наредните четири години за градоначалник. Таков градоначлник заслужува, рече Груевски.
Тој истакна дека Беличанец-Алексиќ е човек кој што кога ќе се зафати со некоја работа ја завршува брзо, ефикасно, темелно и оти не се откажува во ниту еден момент и дека токму таков човек ќе работи на остварување на програмата 2013- 2017 која долго време била подготвувана.
Груевски напомена дека програмата била направена заедно со граѓаните на општината и дека внатре се внимателно сублимирани, најважните приоритети согласно силите и можностите на општината.
Рече дека Беличанец – Алексиќ  дала свој личен белег во таа програма и нагласи дека тоа е програма за која што цврсто ветуваат дека е реална и остварлива.

Беличанец: Сакаме повеќе, можеме повеќе

Токму овде во Кисела Вода е зародиштето на ВМРО-ДПМНЕ, токму овде е повеќедецениското јадро на ВМРО-ДПМНЕ. Како кандидат за градоначалник имам една главна стратешка цел, а тоа е перспективна иднина за сите нас, рече кандидатот за градоначалник за Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ.
belicanec_1-500
-Храбро ќе се соочам со предизвиците, со заеднички сили да го одиме патот по кој сме тргнале. Денес ВМРО-ДПМНЕ е вистинското движење кое е предводено до Никола Груевски, рече Беличанец Алексиќ.
Беличанец Алексиќ наброи неколку главни проекти од својата програма која содржи вкупно 41 проект.
Развој на идустриската зона, Проширување на булеварот „Борис Трајковски“, Дртгален урбанистички план на булеварот „Борис Трајковски“, атмосферска и фекална канализација, создавање на нови работни места, реконструкција на спортската сала „Расадник“, изградба на репрезентативен обијект на влезот во Кисела Вода, реконструкција на културниот дом, асвалтирање на улиците, изградба на нови училишта, детски градинки, спортски игралишта, како и обезбедување на достоинствен живот на старите лица...
-По 24-ти март, секој ден, секој час ќе значи ново будење на Кисела Вода. Знам што значи секој на совето, знам што ни недостига, сакам поубав и среден дом, сакам убави средни училишта, сакам средена општина, средени улици, пред се чиста вода за пиење, затоа што името на нашата ошштина е Кисела Вода, истакна Беличанец Алексиќ.
Таа истакна дека сето ова е е предвидено во новата програма.
-Сакаме повеќе, можеме повеќе. Нема да заборавиме дека сме избрани од нашите граѓани, деноноќно ќе работиме за нив, но пред се ќе работиме домаќински, рече Беличанец Алексиќ.
Беличенец Алексиќ порача дека лавовски ќе се бори заедно за својот тим, сето она што го имаат замислено да го реализираат конечно од визија да стане реалност.

13 март 2013 г.

ИНТЕРВJУ: БИЛJАНА БЕЛИЧАНЕЦ-АЛЕКСИЌ

Да ги гледаш нештата со очите на граѓаните, да ги слушаш проблемите и идеите со ушите на граѓаните, да говориш и пред с` да се залагаш за изнаоѓање решенија со мотивот и поривот низ призмата на потребите на граѓаните, е адутот со кој кандидатот на владејачката партија ќе се обиде да ја добие довербата во оваа општина
Она што ни се чини невозможно ќе стане возможно, а она што е визија ќе стане реалност. Ова е првата реченица што театарската, телевизиска и филмска актерка Билјана Беличанец-Алексиќ ја посочи како мотив што ја натера да ја прифати кандидатурата понудена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Kисела Вода. Изградба, доработка и реконструкција на атмосферска и фекална канализација низ целата општина, изградба на нов училишен објект на ОУ „Невена Ѓеорѓиева-Дуња“, дислокација на Центарот за зависници и многу други проекти се дел од агендата што се заложи да ја оствари Беличанец-Алексиќ доколку ја добие поддршката од граѓаните на оваа скопска населба.
Kои проекти ќе Ви бидат приоритет ако ја добиете поддршката и довербата на граѓаните на општина Kисела Вода?
Постојат проекти што ќе имаат исклучително значење за економскиот и инфраструктурниот развој на општината. Би ги потенцирала развојот на индустриската зона на бул. Борис Трајковски, втора фаза на проширување на истиот булевар и добивање модерно булеварско решение со четири сообраќајни ленти. Исто така, ќе се заложиме за градба, доработка и реконструкција на атмосферска и фекална канализација низ целата општина, изградба на нов училиштен објект на ОУ „Невена Ѓеорѓиева-Дуња“, дислокација на Центарот за зависници, изградба на нов објект на ОУ „Рајко Жинзифов“ и многу други проекти што ќе придонесат за убав и квалитетен живот во оваа општина.
Kој е Вашиот најголем адут за претстојните локални избори?
Да ги гледаш нештата со очите на граѓаните, да ги слушаш проблемите и идеите со ушите на граѓаните, да говориш и пред с` да се залагаш за изнаоѓање решенија со мотивот и поривот низ призмата на потребите на граѓаните.
Дали во наредниот мандат, ако ја добиете довербата на граѓаните, целосно ќе ја ставите во мирување актерската професија?
Ако стасам на местото по патот по кој тргнав, с` ми се чини дека денот од 24 часа ќе е краток за дејствување. Но, секако, ако треба да се почитува Законот, а ако тој не дозволува, да, подготвена сум. Но не гледам причина зошто не би си дозволила кратка оддишка барем еднаш-двапати месечно да се подружам со моите ликови, со мојата фела, со моето актерско семејство, односно со моите драги колеги.
Kако ја оценувате соработката со Вашиот претходник од владејачката партија, Марјан Ѓорчев, во текот на изборната кампања?
Секојдневната комуникација со Ѓорчев како актуелен градоначалник на Општина Kисела Вода е потврда дека сум поддржана од негова страна. Токму во мојот иден мандат, доколку станам градоначалник, дел од почнатите проекти од неговата програма ќе бидат реализирани.
Со оглед на големата поддршка што ја има Вашата партија во општина Kисела Вода, кои се Вашите очекувања од годинашните локални избори?
Се додека човек не се изложи на тест, нема да знае колкави се неговите вистински способности. Да, ова е голем тест и за мене и за моите сограѓани. Очекувам фер и демократски локални избори, на достоинствен начин и со достоинствена програма да се дојде до победа.

„Александар Велики“ најдобар аеродром во Европа за 2012 година

Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ја доби наградата за најдобар аеродром во Европа во категоријата до два милиони патници годишно што ја доделува Меѓународниот аеродромски совет за 2012 година. Признанието се доделува врз основа на одговори на патниците во формуларите за испитување на квалитетот за аеродромските услуги.
aerodrom500
Главниот оперативен директор на Холдингот „ТАВ аеродроми“ Мурат Орнекол денеска на прес-конференција истакна дека нивната компанија е почестена од оваа престижна награда за Скопскиот аеродром, кој што, како што рече, беше одново изграден и почна да дава услуги за многу кратко време, што се заснова на нивното знаење и искуство.
Меѓународниот аеродромски совет ја додели наградата на „Александар Велики“ во конкуренција на 275 аеродроми. Следна цел за годинава, според Орнекол е бројот на патници преку Скопскиот аеродром „Александар Велики“ да достигне милион. На крајот на минатата година преку аеродмромот во Скопје се превезени 906.871 патник.

10 март 2013 г.

Груевски попопуларен од Црвенковски 4 пати

ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и премиер на Македонија, Никола Груевски се уште имаат убедлива предност во однос на опозициската СДСМ и Црвенковски.

50000ggggggrrrrrr
Најголем дел од македонските граѓани или околу 26 отсто на претстојните локални избори ќе гласаат за советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат резултатите од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија (ИДСЦ).
На прашањето за која советничка листа ќе гласаат, 25,7 проценти се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, 13,7  проценти за СДСМ, за ДУИ - 9,7 проценти, за ДПА - 5 проценти и за НДП - 1,6 проценти. Сите други 13 политички субјекти кои се појавуваат во резултатите на анкетата се со поддршка од под еден процент.
Резултатите од анкетата покажуваат дека и натаму со највисок рејтинг кај граѓаните меѓу политичките партии е ВМРО-ДПМНЕ со 26,6 проценти, СДСМ со 14,9, ДУИ со 9,9, ДПА со 5,6 и НДП со 1,5 проценти.
На прашањето, пак, во кој политичар имаат најмногу доверба, најголем дел од испитаниците се изјасниле за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски со 28,7 проценти, кој има убедлива предност пред лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во кој веруваат 7,7 проценти. Лидерот на ДУИ Али Ахмети има поддршка од 7,5 проценти, Мендух Тачи од 4,3 проценти, а во Руфи Османи доверба имаат 1,5 проценти. Во ниту еден политичар не веруваат 28,9 проценти од испитаниците.
На анкетата било истражувано и расположението на граѓаните да излезат на претстојните локални избори што треба да се одржат на 24 март. Резултатите покажуваат дека околу 70 проценти од испитаниците се сигурни дека ќе гласаат на изборите, што е повеќе од претходните три изборни циклуси - 63,5 проценти во 2011 години, 54,6 проценти во 2009  и 49,8 проценти во 2005 година.
Истражувањето е направено преку телефонска анкета на 8 и 9 март годинава, на репрезентативен примерок од 1.095 испитаници. Анкетата е дел од проектот „Мојот избор“ што го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Институтот за демократија (ИДСЦС), во рамки на проектот „Мојот избор“.

5 март 2013 г.

„Како до вработување или започнување сопствен бизнис“

Со цел да им помогне на оние кои бараат вработување или започнување сопствен бизнис, општината Кисела Вода во соработка со Центарот за жени претприемачи организира интерактивна едночасовна работилница под наслов „Како до вработување или започнување сопствен бизнис“.

biznis500
На оваа работилница посетителите ќе имаат можност да откријат што сė е потребно да направат за да ја остварат својата цел. Поконкретно, на неа ќе откријат какви знаења и вештини им недостасуваат за да ја остварат својата цел, каква помош да очекуваат од општината и Центарот за жени претприемачи и кои се обуките кои ќе бидат спроведени за таа цел.
Интерактивната работилница претставува вовед во циклусот обуки за стекнување вештини за развој на кариера, претприемништво и ИТ кои ќе бидат спроведени во текот на месеците март - мај 2013.
Работилницата ќе се одржи во големата сала на општина Кисела Вода на 6 и 7 март 2013, со почеток во 12:00 часот. Влезот е слободен.